понеделник , 25 септември 2017
16255176372_7cfb747483_o

Лекарска комора: Да се утврдат причините за смртта на мајката и бебето во Гевгелија

16255176372_7cfb747483_oЛекарската комора на Македонија се огласи по повод случајот во кој, родилка и бебе починаа во Одделението за гинекологија на Општата болница во Гевгелија.

Во соопштението до јавноста велат дека, ќе ги преземат сите потребни мерки за да се утврди што се случувало и во рамките на своите надлежности ќе настојуваат да се утврди и дали има лична одговорност за целата трагедија.

– Како професионална асоцијација цениме дека е целосно неодговорно и крајно ниско ваква трагедија да се стави во функција на оцрнување на една професија и целокупниот здравствен систем. Лекарската комора го почитува правото на секој да изнесува свој став или мислење, меѓутоа цени дека работите не смеат да се генерализираат. Комората не бара амнестирање од вината за евентуалното непрофесионално однесување на докторите, меѓутоа цени дека треба да се бара одговорност од оние кои неодговорно се однесувале, кои го прекршиле кодексот на медицинската етика и деонтологија, кои го загрозиле и го загрозуваат здравјето и животот на пациентите – се вели во соопштението на Комората.

За Комората е неприфатливо некој да етикетира и да бара колективна вина и за случаи во кои има индиции за поединечна неодговорност и непрофесионалност.

– Како професионална асоцијација, во рамките на нашите законски овластувањa, ќе се заложиме причините за оваа трагедија да се утврдат, а виновниците да бидат санкционирани согласно законите – потенцираат во Лекарската комора.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …