петок , 22 септември 2017
lgbt

Илјадници осудени хомосексуалци во Британија ќе бидат помилувани

Илјадници хомосексуалци во Англија и Велс, порано осудувани според сега неважечките закони за „сексуални кривични дела“ ќе бидат постхумано помилувани, соопшти владата во Лондон.

Оние кои се уште се живи, а биле осудувани за истополови врски и односи, исто така, ќе бидат помиилувани, а нивните казни ќе бидат избришани.

Постапката ја започна лорд Шарки, член на Горниот дом од Либералдемократската партија, кој предложи амандман на постоечкиот закон за полициско работење и криминал.

Иницијативата на Шарки уследи по постхуманото помилување на британскиот математичар, Ален Туринг, професор и разбивач на нацистички кодови, во тајниот центар во Блечли Парк, во текот на Втората светска војна, по што беше покрената акција за собирање потписи преку интернет, оваа постапка да се употреби за сите кои биле судени за хомосексуалност.

Во текот на оваа акција биле собрани повеќе од 600 илјади потписи, по што Парламентот отворил правна постпка, која сега е завршена, а британската влада соопти дека ќе ги спроведе нејзините одредби.

Туринг во 1952 година бил осуден, откако се открило дека има врска со друг маж. Врз него е применувана хемиска кастрација, по што во 1954 година, човекот што ја разби супер тајната шифра „Енигма„ изврши самоубиство.
Во 2013 година тој беше помилуван.

Лорд Шарки за радио Би-Би-Си изјави денеска дека околу 65 илјади луѓе биле осудени за сексуалните престпи, а дека 15 илјади од нив, се сеуште живи.
Хомосексуалноста во Англија и во Велс е декриминализирана во 1967 година, но во Шкотска законот бил во сила до 1980, а во Северна Ирска до 1982 година.

Некои од оние кои биле осудувани за ваквите кривични дела изјавиле за лондонските медиуми дека не скаат да бидат помилувани.
„Ако го побарам тоа, ќе значи дека сум ја признал вината и тоа дека сум бил виновен, кога ме суделе„- изјавил еден од тие луѓе.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …