недела , 22 октомври 2017
i

Илјадници патници заглавени на аеродромот во Окленд

Илјадници патници денеска беа заглавени на аеродромот во Окленд, откако бил прекинат дотокот на горива, поради оштетување на цевководот за гас, на најголемиот аеродром во Нов Зеланд, пренесе Би-би-си. Оштетениот гасовод, инаку е единствениот извор на авионско гориво во Окленд.

Како што соопшти операторот, прекинувањето се очекува да трае најмалку една недела. Резервирањето гориво е рационализирано и авиокомпаниите се обидуваат да го полнат горивото во Австралија и на други места за да ги одржуваат услугите за долги релации.

Според аеродромот во Окленд, кој има околу 18 милиони патници годишно, нафтените компании се одговорни за транспорт и снабдување со гориво што го користат авиокомпаниите и тоа снабдување е намалено.

„Ер Нов Зеланд“ соопшти дека снабдувањето со гориво на аеродромот се намалило на 30 отсто од нормалниот капацитет принудувајќи некои летови за долги дестинации да направат дополнителни застои за бензин на аеродромите во Австралија и на Пацификот.

Речиси 2.000 патници денеска се погодени од откажувања на летовите.

И „Квантас, „Кетеј Пацифик“ и „Емирати“ соопштија дека некои летови биле погодени од недостигот на гориво. Најмалку 27 меѓународни и домашни летови беа откажани во текот на викендот.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …