недела , 22 октомври 2017
novaAntikorupciska

Имотот на функционерите е позаштитен откако ќе им истече мандатот

Доколку се овозможи пристап за имотната состојба на поранешен функционер, ќе настапи штета врз приватниот интерес, кој е поголем од јавниот интерес, сметаат од Државната комисија за спречување на корпуцијата. Овој заклучок следува откако „Макфакс“ писмено се обрати до антикорупционерите за да им побара информација во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во писмениот допис, од ДКСК пишуваат „Доколку бараните документи се достават до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес“.

Антикорупционерите пишуваат дека лицето за кое се бараат документите не ги извршува функциите наведени во барањето и дека поради тоа што нема својство на избрано и именувано лице, ДКСК не подлежи на обврската да достави податоци. Од ДКСК велат дека „бараните информации содржат лични податоци кои се заштитени со закон, односно бараните информации, спаѓаат во редот на исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер“. Според антикорупционерите, откривањето на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци.

Оваа практика не е непозната за јавноста. За потсетување, поранешниот претседател на ДКСК, Горан Миленков, на прес-конференцијата со новинарите, во 2016 се пожали дека сите барале да знаат колкав е имотот на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин“, рече експретседателот на Државна комисија за спречување на корупција. Ова го остава отворено прашањето дали функционерите се позаштитени по завршување на мандатот и дали доколку јавниот интерес е насочен кон откривање незаконско работење, тоа се прекрива со заштита на личните податоци.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …