недела , 22 октомври 2017
kimJongNOvImidz1-652x320

Индонезиско одликување на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун од фондацијата Сукарно

kimJongNOvImidz1-652x320Одлуката на индонезиската фондација Сукарно да го одликува лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун со орден на голем светски државник и миротворец предизвика бура негодувања во тамошната јавност, но ќерката на првиот претседател на Индонезија, Рахмавати Сукарнопутри денеска, на прес-конференција, изјави дека Фондацијата останува зад одлуката.

Според најмалата ќерка на Сукарно, нападите против Ким се дело на „западна пропаганда“, која слично го обвинуваше и нејзиниот татко, а историјата покажала кој грешел.

Одлуката на Ким Јонг-ун да му се додели одличје кое, меѓу дугите, го добиле Махатма Ганди и Аунг Сан Су Чи деновиве е топ тема на медиумите и вон Индонезија, но ќерката на Сукарно тврди дека со причина ги отфрла обвиненијата. Според неа младиот севернокорејански лидер треба да се одликува „поради неговата борба против неоколонијалистичкиот империјализам“.

Првиот претсеател на Индонезија, Сукарно, во педесетите години на минатиот век воспостави блиски односи со комунистичкиот режим во Пјонгјанг, а тоа и неговите врски со Кина беше причината тој да биде сменет со воен пуч на чело со генераот Сухарто. Во крвавите пресметки меѓу армијата и поддржувачите на Сукарно во Индонезија загинаа над 1,5 луѓе. Над два милиони, осомничени за левичарство беа протерани на пустиострови или,а неколку илјади беа осудени на смртни казни. Изведувањето на смртната казна, во центарот на Џакарта и други градови, се до 1986 година беше дел од ритуалите со кои се одбележуваше Деот на независноста на Индонезија.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …