четврток , 29 јуни 2017
infomax

Информер V.S. Инфомакс – војно хушкачки медиуми со руска позадина

Во последниот период зборот “ВОЈНА” се повеќе може да се сретне во два медиуми за кои е јавна тајна дека се финансирани со руски пари. Едниот е српскиот Информер, а другиот е македонскиот Инфомакс.

Во 13-те последни и последователни изданија на војно хушкачкиот белградски таблоид „Информер“, дури на 8 насловни страници на ударно место е ставен зборот „ВОЈНА“. Исто така, употребени се и „ПОДЕЛБА“ (на Босна), „НАПАД“ и „ИНВАЗИЈА“.

informer rs

За споредба со исто така руската медиумска направа во Македонија, Инфомакс насловите се исти или слични, единствена разлика е тоа што Инфомакс нема печатено издание, туку читателите можат да го најдат само на интернет.

infomax

Ако го отвориме “македонскиот информер”, односно Инфомакс ќе видиме дека во само една седмица често пати може низ насловите да се прочита зборот “ПОДЕЛБА”, “ВОЕНА СОСТОЈБА”, “БРАТОУБИСТВЕНА ВОЈНА”, по што можеме да заклучиме дека станува збор за спроведување на иста политика на уредување.

Доколку кликниме на некој од текстовите кои ги содржат гореспоменатите зборови ќе сватиме дека текстовите се пресликуваат од еден на друг медиум, единствено се променети насловите.

Се поставува прашањето на кого му одговараат насловите во овие медиуми, на кого му одговара војна, поделба и останати состојби кои што ги заговараат овие два “сестрински медиуми” ?

Дали ова е последен обид на македонската криминална власт преку своите криминални конекции со руско-спрското подземје да се спроведи медиумскиот монопол и во соседството по рецептот на Орце Камчев и Срѓан Керим (МПМ), со цел да се издејствува конфликт со цел да се испери валканиот веш на Никола Груевски и фамилијата.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …