четврток , 19 октомври 2017
iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност.

Ова е посебен начин на којшто Барселона реши да и се одолжи на една од своите најголеми легенди, која има одиграно 639 натпревари и постигнато 55 гола, откако како 12-годишник и се придружи на прославената школа на клубот, Ла Масија.

Роден во Албасете, Иниеста дебитираше за првата екипа во 2002 година и оттогаш осум пати ја освои Ла Лига и четири пати беше европски првак.

„Андрес Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона, што ќе го задржи во клубот до крајот на кариерата“, стои во клупското соопштение.

Сегашниот договор на Иниеста истекуваше следното лето и тој се двоумеше дали да остане на „Камп ноу“. Тој уште оваа сезона ќе има можност да го надмине рекордот на Чави Ернандес од 650 настапи за Барселона.

Слични написи

katanec-701x526

Катанец поднесе оставка на телевизија

Несреќниот пораз од Англија (0:1) на Вембли во Лондон на коло до крајот на квалификацискот …