среда , 18 октомври 2017
sobranie-leto

Интерпелациите на Николовски, Царовска и на Димитров денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ја почне расправата за интерпелациите што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров.

Интерпелациите се петта, шеста и седма точка на денешната 13. седница на Собранието, чиј почеток се закажан во 11 часот.

Во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците продолжува расправата за Законот за употреба на јазиците, кој е со европско знаменце и се носи по скратена постапка.

Како што информираат од собраниските служби, Комисијата за труд и социјлна политика ја продолжува работата по предлог-законите за минимална плата и за стечајците, кои се во второ читање, додека на дневен ред на Комисијата за култура, меѓу другите, се и предлог-измените на Законот за употреба на македонскиот јазик.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.