петок , 22 септември 2017
Д-р Ангелчо Андоновски
Д-р Ангелчо Андоновски

Интервју со Др. Ангелчо Андоновски

Потребна е департизација на здравствениот систем во државата

Др. Ангелчо Андоновски
Др. Ангелчо Андоновски


Разговараше: Виктор Азманоски

РеволуционерМк: Д-ре  Андоновски, јавноста во земјава е згрозена од фактот дека во македонските болници лесно се умира.  Смртта на двете трудници, новороденче и едно 14-годишно дете  и тоа за период од само неколку денови, како да ја отвори Пандорината кутија во македонското здравство, па , сите се прашуваме, како е можно во 21 век да ни умираат трудници и деца по болниците?  Вие како долгогодишен лекар  кој се едуцирал за да помага на народот , како би ја искоментирале целата оваа трагична ситуација во македонското здравство?

Др. Андоновски: На самиот почеток веднаш би сакал да потенцирам дека моето мислење се базира врз основа на стекнатата култура, здобиената едукација и пред се како интелектуалец кој верува дека во една ваква држава како што е нашата татковина Македонија може да има светла иднина но со луѓе кои си ја сакаат татковината и кои и мислат добро.

Во 21 век срамно е да се има ваков тип на здравство поготово во една држава која претендира да биде дел од Европското семејство, сведоци сме дека апаратурата која е купена со народни пари треба да биде ставена во служба баш на тој народ.Сите овие последни трагични случувања доведуваат до прашањето , Што навистина се случува во Македонскиот здравствен систем и која е причината за тоа?  Кадарот кој што се едуцира треба да е исто така во служба на тој народ, секако дека треба да го имаме на ум фактот дека кадарот се едуцира ама како тое е сеуште големо прашање и дали навистина тој кадар што се праќа на едукација има доволен капацитет да го спроведе наученото и стекнатото искуство. 

РеволуционерМК:Јавноста бара оставка од министерот Тодоров,  но побара и опозицијата. Во барањето за разрешување на Никола Тодоров од функцијата министер за здравство СДСМ и коалициските партнери наведуваат дека тој е директно одговорен за хаосот во здравствениот систем кој резултира со трагични последици. Каква разрешница очекувате на оваа интерпелација во Собранието?

Др. Андоновски: Ке го започнам одговорот на оваа прашање со констатација и потврда …Одамна знаеме кој е виновен и е виновен за  што се случува во Здравството.Јавноста одамна го даде своето мислење  и иницијативата за оставката, сите ја следевме како рапидно се зголемуваше и која бројка достигна за жал тоа нема да ги врати животите на многу луѓе, да трагедијата е уште поголема ги знаеме и одговорите од Министерот за сите тие “несреќни”  случаи .Мораме да сватиме дека овој обид на опозицијата е како Сизифовско решение и желба да јавно проговорат и на јавна сцена  но  тотално  е неприфатливо и непотребно нема да има никаква разврска на таа собраниска сцена напротив може и да биде злоупотребена од стрна на сезнаечкиот министер како кампања што се тој направил ама со НАРОДНИ пари и т н  , будењето на народот мислам дека веќе е реалност и дека интелектуалците не треба веќе да се кријат со забиени глави  во песок а напротив треба јавно да го искажат своето реално незадоволство .Оваа земја заслужува добро здравство и  да раѓа здрави потомства !!! За се што ќе се случува понатака ќе бидеме сведоци и треба да се знае дека поколенијата  заслужуваат да имаат здрав живот во оваа прекрасна МАКЕДОНИЈА.

РеволуционерМк: Како го коментирате напорот од д-р Виктор Камиловски кој побара од лекарите поддршка за првиот човек во здравствството?

Др. Андоновски: Видете најреален одговор на вакво прашање би бил дека не заслужува ни да се дискутира во врска со него.Па ако до сега кроз децении кои поминале во градењето на лекарската фела во нашава татковина а тие датираат одамна , нашите професори би биле згрозени од фактот да го видат сето оваа што се случува со нашата фела колку сме деградирани и на какво ниво сме сведени.Би искажал една најголема  желба која мора да му се случи на здравствениот систем а тоа е ДЕПАРТИЗАЦИЈА.  Политиканството во Медицината е нешто кое би го нарекол допирање на самото дно за да одредени личности се додворат некому а при тоа да ја кршат Хипократовата заклетва.Инаку ние лекарите поддршка треба да даваме на своите пациенти и колеги.

РеволуционерМк: Одамна се зборува дека македонското здравтсво е болно.Можно ли е да се излекува?

Др. Андоновски: Македонското здравство не е болно , во моментот е руинирано , деградирано и разединето. Вистината е дека начинот да се направи коректен здравствен систем , исправни процедури , одлична конструкција , функционалност на здравствените системи  е реално можна .Начините веќе се знаат треба да бидат спроведени но во вистинско време  и со вистински луѓе кои ке сакаат да застанат да бидат на браникот на Здравството а не луѓе кои ке гледаат сопствено профитерство и лични интереси дури и интереси кои ке сакаат да бидат наложувани и од други повисоки нистанци ,секако дека доколку се правилни насоки  ке имаат свое место во изградбата и конструкцијата на ЗДРАВ И ЦВРСТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ . Нашата фела има перфектни стручњаци  и професионалци кои веќе имаат РЕШЕНИЈА.

РеволуционерМк: Д-ре Андоновски,во Македонија полека , но сигурно, старее и здравствениот персонал. Посебно во помалите средини. Нема нови специјализанти, нема општи лекари, па на огласите за врабтување  лекари не се јавува никој. Исто така, овде треба да го потенцираме и трендот на иселување на лекарите во странствот.Можно ли е овде нешто да се промени?

Др. Андоновски: Македонија е прекрасно место за живеење и професионално дејствување но само со пристојни и реални приходи кои сите ние со сигурност знаме дека оваа држава може да ги обезбеди. Трендот на БЕЛАТА ЧУМА иселувањето на БЕЛИТЕ МАНТИЛИ е во рапиден пораст секојдневно тие млади луѓе а и сведоци сме дека и возрасните колеги спасот го бараат надвор од нашава татковина се со цел да функционираат во еден нормален здравствен систем без стегите од одредени структури и политиканство  и  да бараат и нормален присебен живот за своето семејство , тамошните примањата им овозможуваат реален и конфортен начин на живеење.Реално е дека и платите на лекарите во Македонија можат да бидат задоволителни и да овозможат нормален живот а не да се насочуваат тие средства во неповрат а ги знаеме начините кои се користат од сегашната власт  да тие средства отидат непотребно.

Слични написи

алил слика

Алил Џафероски: Зоран Заев е Мустафа Кемал Ататурк на модерното време

Интервју со Алил Џафероски, претседател на Здружението на пратениците и министрите од првиот повеќепартиски собраниски и …