недела , 22 октомври 2017
unfulfilled

Интимни гестови кои за мажите понекогаш немаат никакво значење

Сигурно ви се случило да запознаете некој дечко кој се однесувал совршено и правел еден куп романтични гестови, за на крајот да исчезне како ништо да не се случило. Тоа е така затоа што мажите честопати едно мислат, а друго прават. Некои момци без никаков проблем можат еден ден да ви симнуваат ѕвезди, а утредента да ве треснат со нив по глава. Прочитајте кои 10 интимни гестови понекогаш за момците немаат никакво значење…

1. Сте имале сексуален однос. Бидете внимателни, бидејќи тој можеби го сака само вашето тело и ништо друго. Не ве сака како девојка, ниту, пак, планира врска со вас. Нема никакви намери да оствари емоционална поврзаност. Тој едноставно сака само да си ги задоволи своите сексуални потреби.

2. Цела вечер ви праќа пораки. Сте останале будни до ниедно време за да разговарате за најситните детали од вашиот живот. Тоа не значи дека ќе започнете врска. Можеби му било здодевно и немал попаметна работа. Можеби зборувал со повеќе девојки истовремено. Можеби истите разговори ги правел и со нив.

3. Се држите за рака. Доколку ве држи за рака кога сте излезени во јавност пред сите ваши пријатели, веројатноста е дека тој навистина сака да биде со вас. Но, ако ве држи за рака само кога сте сами дома, тоа нема толку големо значење колку што си мислите. Можеби нема никакво значење.

4. Се гушкате. Некои мажи сакаат да се гушкаат бидејќи чувството е пријатно и најчесто води кон секс. Не им е толку гајле за која девојка се работи и не мора да значи дека сакаат врска со неа.

5. Орално ве задоволува. Постојат многу мажи кои не сакаат да им овозможуваат орален секс на девојките и вие толку многу сте свикнале да бидете тие што орално задоволуваат, што ви паѓа чудно кога некој ќе посака да го направи тоа за вас. Некои мажи се џентлемени. И покрај тоа што ве гледа како девојка за една вечер, сепак ќе се потруди да ви пружи максимално задоволство.

6. Зборува за неговото минато. Вашите пријатели знаат сѐ за вашите детски симпатии и срамни моменти, се согласувате? Според тоа, доколку ви зборува за неговото минато, не значи дека сака врска со вас. Можеби ве гледа само како пријателка, што и не е толку лошо.

7. Флертува. На некои момци им се допаѓа една единствена девојка и флертуваат само со неа. Некои, пак, флертуваат со секоја девојка што ќе ја видат без разлика дали се навистина заинтересирани или не. Зависи од мажот. Неговото флертување може да значи сѐ или пак воопшто ништо.

8. Секогаш ја плаќа сметката. Некои момци ќе ве однесат на вечера со надеж дека ќе спијат со вас или дека ќе станете пријатели со бенефиции. За нив тоа е обично дружење.

9. Се бакнувате. Дури и ако првиот бакнеж бил неверојатен, не значи дека ќе има втор. Тоа не значи дека вие се бакнувате лошо или дека сте му досадиле. Не значи дека сте непривлечни или неуспешни. Едноставно се случува.

10. Ви кажува колку му се допаѓате. Можеби ви го вели ова само за да ве залаже. Неговите намери можеби не се толку чесни колку што изгледаат. Постои можност навистина да му се допаѓате, но тоа не значи дека тој е подготвен за сериозна врска.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …