недела , 22 октомври 2017
Дуќани

ИНВЕСТИЦИСКИОТ „БУМ“ ГИ ТРЕСНА ПРИЛЕПЧАНИ ОД ЗЕМЈА

 

Дуќани
Пишува:
Зоран Милошески

„Дуќанот се издава“, „Дуќанот се продава“. Тоа е најчестата содржина на огласите напишани на А4 формат истакнати на десетици и десетици дуќани во централното подрачје на Прилеп. Слични на оној со кој екс-министерот Миле Јанакиевски успеа својата куќа да ѝ ја издаде под наем на странска фирма за „дебела“ кирија.

Дуќани 1

Ама за разлика од Миле кому тоа му успеа, сопствениците на дуќаните ја немаат таа среќа, па нивните огласи стојат истакнати со месеци.

Дуќани  2

Празните дуќани се слика и прилика на прилепското секојдневие и најдобар одговор за небулозните тврдења на градските татковци, локалните и државни функционери на партијата на власт, на провладините вувузели и ситните поданици за имагинарниот инвестициски бум кој никој освен нив не го гледа.

Економски зони, еден куп:„Прилеп 1“, „Прилеп 2“, „Прилеп 3“, ТИРЗ „Алинци“, а инвестиции-нула.    

Дуќани 3

Ќе идеше американскиот земјоделски гигант „Дупонт“, еден од најголемите светски производители на семиња за генетски модифицирани растенија (ГМО), ама тоа беше лани во октомври. Падна снегот, ги покри трагите.

Дуќани 4

Сега ќе се крстиме во „Гентерм“. Колкумина таму ќе се вработат никој не знае, оти бројките се ем релативна, ем еластична категорија. Во зависност од потребите, нивниот број постојано варира. А за висината на платата на вработените пак, никој и не зборува, оти е тоа забранета тема. А што воопшто има тука ново да се каже, ако главниот адут на секое владино роуд шоу за привлекување на странски инвеститори е евтината работна рака? Се знае, ќе „пукнат“ едно 9.000 денари!

Дуќани 5

Ете затоа зоните ќе зјаат празни, дуќаните ќе нема кој да ги изнајми, а младите ќе бегаат во странство. А инвестицискиот „бум“ само што не започнал!  

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …