недела , 24 септември 2017
BELARUS/

Ирачките шиити ги поддржуваат руските напади против ИД

BELARUS/Една од најмоќните шиитски вооружени групи во Ирак, „Асаиб ал-Хук“ во целост ја поддржува руската интервенција и воздушни напади против групата „Исламска држава“ на Блискиот Исток, соопшти денеска групата.

Групата, исто така, ги обвини САД дека се премногу неодлучни во својата кампања против џихадистите во Ирак и Сирија.

Портпаролот на „Асаиб ал-Хук“, Наим ал-Убуди нагласи дека воздушните напади што Русија ги започна минатата недела против цели на ИС во Сирија веќе дале резултати.

– Знаеме дека САД во изминатите година и половина не беа сериозни во однос на своите намери да стават крај на групата ИД, истакна ал-Убуди.

 

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …