вторник , 26 септември 2017
iran-dogovori-nuklearka-640x320

Иран ја поддржа идејата за шестмесечна транзиција во Сирија

iran-dogovori-nuklearka-640x320Ирански дипломатски претставници денеска изјавија дека властите во Техеран ја поддржуваат идејата за воспоставување шестмесечен транзициски период во Сирија, по кој би се оддржале избори на кои ќе се решавс судбината на актуелниот сириски претседател Башар ел Асад.

Како што јавуваат западните медиуми, ова претставува прва отстапка на Техеран во врска со сириската криза, за која се расправа на Меѓународната конференција во Виена.

Според истите извори, ваквиот став на Техеран не значи дека Иран се откажува од поддршка на Асад, но нема по секоја цена да инсистира на негово останување на претседателската функција.

Ваквиот став на Техеран го потврди и иранскиот заменик министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдулахијан, кој во Виена изјави дека  „Иран не инсистира Асад да остане на власт засекогаш“.

Според висок претставник на делегација од неименувана земја од Блискиот Исток, што учествува на Конференцијата во Виена, не е исклучено по транзицискиот период Иран да се откаже од поддршка  на Асад.

– Во текот на преговорите се се врти околу компромисите и Иран е подготвен да направи компромис со тоа што се согласи Асад да остане со сигурност на власт само уште шест месеци, изјави истиот извор.

Главна тема на Конференцијата во Виена е изнаоѓање начини за постигнување договор за прекин на огнот меѓу силите лојални на Асад и сириските бунтовници.

– Наша главна задача во овој момент е да ставиме крај на насилството. За тоа ќе разговараме денес, изјави западен дипломат за руската агенција ТАСС.

Според него, важен момент за прогласувањето примирје во Сирија би претставувало и стопирање на операциите на руските авиони на сириска територија.

– Очекуваме дека Русија ќе се согласи на тоа. Според нашите оценки операцијата во Сирија ја чини многу скапо Русија, особено во услови кога е под санкции, изјави истиот извор, додавајќи дека западните земји сметаат дека „руската интервенција ја усложнула состојбата на теренот и ја влошила ситуацијата од хуманитарен аспект“.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …