четврток , 29 јуни 2017
beli-luk

Искористете ги лушпите од лукот, не ги фрлајте !

Кога употребуваме лук обично го користиме само чешнето, а лушпите ги фрламе. Но, лушпите не треба да се фрлаат.

Лушпите од лукот содржат моќен антиоксиданс, кверцентин, кој го регулира крвниот притисок и спречува појава на кардиоваскуларни болести.

Па, еве како да ги искористите лушпите од лук:

1. Ако готвите супа, слободно ставете го целиот лук внатре. Ќе добиете посилен вкус, поубава боја и поздрава супа.

2. Ако некое растение не изгледа многу добро, направете микс од лушпи од лук и вода за да го живнете растението.

3. Ако имате грчеви, чајот од лушпи од лук може да ви помогне. Во шолја врела вода од 200ml ставете лупи од лук, оставете ги да отстојат, а потоа испијте го чајот.

4. Лушпите од лук можат да ви помогнат при растот на косата, па и за осветлување на истата.

5. Ако сами си готвите леб, следен пат, слободно додадете мелени лушпи од лук.

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …