сабота , 21 октомври 2017
erdogan

Исламска држава го нарече Ердоган предавник

erdoganИсламската држава го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предавник затоа што дозволил Американците да користат воздухопловни бази за напад против таа екстеремистичка организација.

Во видео порака објавена на „Твитер“, Исламската држава ги повика муслиманите во Турција да ја поддржат и да се борат против крстоносци, тирани и атеисти.

На снимката се гледаат борци на Исламската држава во друштво на уште двајца кои говорат на турски јазик и го обвинуваат Ердоган што дозволил САД да го бомбардира муслиманскиот народ.

Минатата недела во турската воздухопловна база донесени шест борбени авиони Ф-16 кои учестуваат на мисиите против ИД во Сирија.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …