петок , 22 септември 2017
zivot-bez-droga

Исповед на зависник кој успеал да се излекува во Narconon-Balkan

Кога завршив со сауна се почувствувам многу убаво и моќно што мислев дека мојата рехабилитација е завршена и само чекав што побрзо да ги завршам и другите чекори од програмата. Но во текот на Објективите покрај тоа што навистина согледав многу работи во врска со мене и мојот живот, секој ден се чувствувам се побуден и побуден, почнав повторно да се чувствувам како деј од овој свет, видов во каква заблуда сум живеел, во реалност која постои само во мојата глава, во која постојам само јас, бев убеден дека така треба за се си имав оправдување. Како што се зголемуваше мојата свесност , моето внимание не беше насочено само кон мојата “ реалност „ туку постепено почнав да го насочувам и кон околината, морам да признаам дека ми беше многу тешко, чувствував голема болка, желба да се откажам од се ( како што сум правел секогаш ), но истовремено почнав да го разбирам и тоа дека самата свесност го прави тоа, за прв пат ја согледуваш реалноста. Мојата одговорност проработи, која претходно никогаш не сум ја ни имал. За прв пат видов дека јас сум причината, јас треба да одлучам дали да продолжам , да не се откажувам така лесно од работите. Да ја прифатам реалноста таква каква што е, секако не е лесно да се соочи.

Сега знам дека сум една свесна личност, една одговорна личност која е спремна да се соочи со сите предизвици, која нема да се откажува повеќе. Да придонесувам за себеси и за другите околу мене кои ме сакаат, кои се дел од мојата сегашност.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …