среда , 18 октомври 2017
hrana-kupuva-prodavnica

Источна vs Западна Европа: исти брендови, исти пари, различен квалитет

Чоколада со сурутка наместо млеко, виршли без месо, детска храна со помала количина зеленчук, прашок за перење со помалку активни материи. Ова се само дел од производите кои се продаваат на полиците во Источна Европа и на Балканот, а имаат полош квалитет во споредба со истите брендови кои се нудат на западноевропските потрошувачи. Неколку официјални анализи покажаа дека Хрватите, Словаците, Чесите и Бугарите јадат понеквалитетна храна и користат пошкарт производи од Германците или Французите, а плаќаат иста цена.

Сторија преземена од порталот Фактор

За тоа каква е состојбата во Македонија не може да се даде сигурен одговор бидејќи ниту една овластена институција нема направено споредбена анализа на квалитетот на производите што мултунационалните компании ги продаваат тука со оние на западноевропските пазари. Но, неофицијално, и Македонците се наоѓаат во овој кош на потрошувачи од втор ред бидејќи производите кои се продаваат кај нас потекнуваат од истите набавни места како во соседните држави. Сомневањата одат дотаму, што се смета дека во некои мултинационални фабрики постојат паралелни производни ленти за ист производ за различен пазар.

Бебешко млеко за европски и за македонски пазар

Во Организацијата на потрошувачи на Македониа (ОПМ)велат дека многу одамна знаат за оваа проблематика и често имаат пријави од страна на потрошувачи.

– Имавме еден таков пример кога потрошувач ни донесе два примерока на бебешко млеко од ист бренд, едното за европски, а другото за македонски пазар. Иако цената им беше речиси иста, квалитетот многу се разликуваше на штета на производот за македонски пазар. Ние не можевме ништо да преземеме бидејќи производот не е штетен, ниту па да наложиме на некого во ЕУ да воведе измени, а добивме информација и дека истото се случува и во Словенија. Не само за Македонија, тука за цела Источна Европа се забележуваат производи од секоја индустрија со послаб квалитет- вели Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ.

Тие апелирале до Европската организација на потрошувачи да го постави прашањето во земјите членки на ЕУ и да се направат напори да се подигнат стандардите.

– Ние како ОПМ не можеме сами да изведеме таков вид на истражување, туку ни е потребна поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, од здравствениот, фитосанитарниот и другите инспекторати кои ќе може да го проверат квалитетот на производите. Потрошувачите секогаш треба да знаат за што плаќаат и производителите треба да ја сменат оваа пракса бидејќи знаат дека се откриени и знаат дека ги дискриминираат корисниците- вели Лончар.

Аларм во Брисел

Брисел го запали црвеното светло откако неколку анализи покажаа дека е значително инфериорен квалитетот на многу прехранбени производи што се продаваат во Источна Европа и на Балканот од страна на западните мултинационални компании во однос на тоа што се продава во Западна Европа. Вера Журова, европски комесар за правда, потрошувачи и родова еднаквост најави строги мерки против компаниите ако не ги променат двојните стандарди во поглед на квалитетот и составот на производите.

– Јасно и гласно кажуваме: ова е неправедна комерцијална практика. Во многу случаи, убедена сум дека законот е прекршен, бидејќи измамата е очигледна- рече таа.

Журова не именуваше одредени марки, но изјави дека ќе го стори тоа ако производителите не ја напуштаат дискриминаторската пракса.

– Нема да се двоуми да ги именувам брендовите, па дури и да ги поттикнувам луѓето да не ги купуваат. Многу сум одлучна за ова- рече Журова.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.