вторник , 26 септември 2017
greece-and-eu_2213303b-620x320

Истражување: Грчките домаќинства најсиромашни во Западна Европа

greece-and-eu_2213303b-620x320
Грчките домаќинства се најсиромашни во Западна Европа, се наведува во извештајот на најголемиот европски осигурител „Алијанц“ за светското богатство, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според податоците во извештајот Грците се најсиромашни во Европа, но истовремено имаат и најмалку долгови. Во 2014 година секој грчки државјанин имал имот во вредност од 11,645 евра и долг во вредност од 11,105 евра.

Под имот, компанијата ги зема во предвид банкарските сметки, финансиски и осигурителни продукти што влегуваат во личните задолжувања на домаќинствата. Според овој показател Грција е на последно место меѓу 15 држави во Западна Европа и на 26. место од сите 53 земји вклучени во извештајот на „Алијанц“.

На прво место на листата, како во Западна Европа, така и во светот е Швајцарија. Таму секој граѓанин има имот во вредност од 157.446 евра. Последна рангирана држава е Казахстан со 406 евра.

Според извештајот секој грчки граѓанин должи во просек 11.105 евра, што е најниска сума во Западна Европа. За споредба Швајцарија и тука е прва со 50,860 евра долг на секој граѓанин.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …