вторник , 26 септември 2017
ivanov-kameri

Иванов: Блокирањето на Македонија во НАТО е пример како не треба да се гради безбедноста во регионот

ivanov-kameriМакедонија е школски пример како НАТО не треба да се однесува со земја-кандидат. Искуствата од 20 век покажаа дека не може да има стабилна Европа без стабилна Југоисточна Европа и дека не може да има стабилна Југоисточна Европа без стабилна Македонија. А долгорочната стабилност на Република Македонија ќе се цементира со нејзиното членство во клубот на демократски, просперитетни, европски и евроатлантски нации, истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешното предавање пред Атлантскиот клуб на Бугарија.

– Целите и визиите на НАТО вредности и принципи, за жал, паднаа во вода на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008-та. Во случајот со интеграцијата на Република Македонија, НАТО покажа неодлучност, неединство, разногласие и неспособност да донесе стратегиски одлуки. Од тогаш, па наваму, другите центри на моќ во светот го тестираат НАТО преку случајот на Македонија. Во нашиот случај на виделина излегоа повеќето слаби точки на НАТО. Македонија е школски пример како НАТО не треба да се однесува со земја -кандидат. Но, што може да се научи од случајот со евроатлантските интеграции на Македонија? Има неколку лекции, порача претседателот Иванов.

На предавањето кое се одржа во седиштето на Европската комисија во Софија, на кое присуствуваа поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов и претставници на дипломатскиот кор, јави известувачот на МИА, тој подвлече дека со таа одлука НАТО стана заложник на партикуларни интереси на свои земји-членки, наместо на европската и евроатлантската безбедност.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …