недела , 22 октомври 2017
ivanov krej

Иванов до Креј: Очекуваме натамошна поддршка од САД за заслуженото место во НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска го прими генерал-мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт, со кого разговараа за соработката меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, обука и едукација на припадниците на двете армии.

Иванов го поздравил стратешкото партнерство и изразил уверување дека успешната соработка со оваа сојузна држава во делот на одбраната претставува можност за проширување на соработката и во други области од заемен интерес.

„Иванов истакна дека Македонија ги исполнува сите услови и критериуми за членство во НАТО, а со учеството во мировните мисии де факто се однесува како членка, и во тој контекст изрази очекување за натамошна интензивна американска поддршка, со цел  Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

Генерал-мајор Креј оддал признание за севкупниот ангажман на македонските војници во меѓународните мировни мисии, и додал дека САД како и досега ќе продолжи да биде поддржувач на стратешката определба на Македонија за целосна интеграција во евроатлантските структури.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …