вторник , 24 октомври 2017
ivanov-bug

Иванов доби титула „Почесен доктор на науки“ на БАН во Софија

На свечена церемонија во Бугарската академија на науките (БАН) во Софија денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му е доделена титулата „Почесен доктор на науки“.

Доделувањето на титулата е во рамки на дводневната работна посета на Република Бугарија, каде денеска во Бугарската академија на наукитеодржа и предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот миленум“. Тој во БАН ќе се сретне и со академик Стефан Воденичаров, претседател на Академијата.

Предвидено е утре македонскиот претседател да се сретне со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, како и со новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев, со кои ќе разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …