недела , 24 септември 2017
ivanov

Иванов: Доста беа поделби, да се помириме и да се сплотиме

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов го честита 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба тврдејќи дека денес Република Македонија е поделена повеќе од кога и да било порано во изминатиот четврт век.

– Внатрешните поделби се одразуваат на државните интереси, на европската иднина на Македонија. Во името на нашите херои од минатото, но и нашите деца, кои се херои на иднината, ве повикувам да смогнеме сили, да се помириме и да се сплотиме. Да изградиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси. И, пред сè, да се почитуваме, и покрај нашите најдлабоки политички и идеолошки разлики. Само така ќе успееме кон победите од минатото, да додадеме победи и во иднината. Само сплотени ќе успееме да истраеме на нашиот пат за просперитетна, посреќна и побогата Република Македонија – се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …