вторник , 26 септември 2017
mia-horhe-hojt-ji-777x437

Иванов – Хојт Ји: Не го давал мандатот без гаранции од Заев

Иванов истакнал, односно ги повторил неговите претходни барања дека ќе бара гаранции од Заев дека унитарноста на државата ќе биде сочувана за да му го даде мандатот, соопштуваат од Кабинетот на претседателот по денешната средба помеѓу Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Хојт Брајан Ји, заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави.

Македонскиот претседател го осудува секое политичко и физичко насилство во Република Македонија и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија. Претседателот Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на Влада се надминливи.

Македонскиот претседател побара од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот.

Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи, рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, констатираше македонскиот претседател.

Претседателот Иванов повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог.

Извор: НОВАТВ

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …