среда , 18 октомври 2017
ivanov

Иванов ќе ги прими акредитивите од новите амбасадори на Германија, Перу и Белорусија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Сојузна Република Германија, Република Перу и Република Белорусија за Република Македонија.
Прво, во 11.45 часот ќе ги предаде акредитивните писма новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија, Томас Норберт Герберих, по него во 13.20 следи Марија Еухенија Ечеверија Херера, aмбасадорка на  Република Перу за Република Македонија, со седиште во Букурешт, и во 14.20 часот акредитивите ќе ги предаде Валериј Бриљов, aмбасадор на  Република Белорусија за Република Македонија, со седиште во Белград.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.