вторник , 27 јуни 2017
ivanovvv

Иванов предлага амнестија за насилниците и тепачите од настаните на 27 април во Собранието

Претседателот Ѓорѓе Иванов, во интервју за Канал 5 ТВ, изјави дека според него после доделувањето на мандатот државата влезе во период на нормализација на состојбите и се надева дека ќе има помирување меѓу народот.

Тој ја спомена амнестијата на осомничените и обвинетите во насилните протести на 27. април, но рече дека за тоа треба да одлучи Парламентот.

„Ние во 2001. година имавме воен конфликт, па најдовме начин за помирување. Доколку имаат новите пратеници, новиот состав на Собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. Тогаш знаевме дека Собранието  амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции.“ рече Претседателот Иванов.

Иванов објасни и зошто тој не може да го стори тоа, бидејќи постапката за помилување кај Претседателот е долга и таа се однесува откако ќе се изречат правосилни пресуди. А, аболицијата е друго прашање, во случај кога се работи за државен интерес.

Претседателот Иванов во интервјуто негира дека постоело сценарио за прогласување на вонредна состојба во земјата и ангажирање на војската.

„Нека проверат и нека видат. Од име на Советот за безбедност со кој јас претседавам има доставено писмо до Министерството за внатрешни работи писмо за да провери доколку имало такво нешто и за тоа да го извести Јавното обвинителство, што му е обврска. Досега немаме ни одговор на писмото, ниту од Министерството за внатрешни работи, ниту од сите институции каде се водат овие прашања. Така што не доликува на министер за внатрешни работи да дава вакви шпекулативни изјави или некој да верува дека Претседателот ќе воведува вонредна состојба“, рече Иванов.

Тој вели дека согласно Законот за управување со кризи, кога полицијата не може да се справи во некоја предизвик, тогаш се вклучува армијата. А, според него, полицијата на 27 април, успеала да ја контролира состојбата.

Слични написи

zaev soopstenie

Премиерот Заев испрати честитка до новиот претседател на Р. Србија, Вучиќ

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, испрати честитка за инаугурацијата на новиот претседател на Република …