петок , 22 септември 2017
ivanov

Иванов во 12 часот ќе му го додели мандатот на Заев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 12 часот, ќе го врачи мандатот за составување влада на Република Македонија на Зоран Заев, соопштија од кабинетот на претседателот.

По одржувањето на предвремените парламентарни избори, на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, но не успеа да договори владина коалиција со албанските партии. СДСМ, кој на изборите освои 49 пратенички мандати, успеа да оформи парламентарно мнозинство со албанските партии, но Иванов досега одбиваше да го додели мандатот, барајќи гаранции за зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на албанската платформа.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …