сабота , 23 септември 2017
ivo-kotevski

Иво Котевски е новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ivo-kotevski
Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност во МВР, си заминува од министерството и ќе биде нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорската позиција во центарот е испразнета по последните парламентарни избори кога дотогашниот директор, Илија Димовски стана координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Иво Котевски во МВР е од 2006. година кога беше назначен за портпарол, а потоа стана и помошник министер во Одделот за односи со јавност. Тој е поранешен новинар. Опозицијата во дел од бомбите објави повеќе телефонски разговори меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска за случаи како Мартин Нешковски и Никола Младенов.

Според договорот од Пржино нов министер за внатрешни работи треба да биде избран утре, треба да го предложи СДСМ, а да се согласат и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …