недела , 22 октомври 2017
germanija-ekonomija

Изборот на Трамп не ја загрозува германската економија

Победата на републиканецот Доналд Трамп на изборитте за претседател на САД и стравот во политичките кругови од промена на американската политика кон светот, не влијае негативно на економските трендови и довербата во германската економија, објави денеска Институтот за економски студии од Минхен (ИФО).

– Економските движења во Германија остануваат непроменети. Германската екомија не е под влијание на изборот на Трамп за претседател на САД, се вели во изјавата на ИФО.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Институтот, индексот кој ја мери довербата во економијата е ист како во октовмри кога изнесувал 110,4 поени и е највисок од април оваа година.

И истражувањето на институтот „Капитал Економикс“ сугерираат дека германската економија е во добра кондиција, а најголем простор за оптимизам дава градежништвото каде индексот на доверба достигнува највисока стапка.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …