недела , 24 септември 2017
rule migranti 1

Издадени потврди за барања за азил на 3.184 мигранти

rule migranti 1Во изминатотото деноноќие издадени се потврди на вкупно 3.184 странски државјани, за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од оваа бројка 1.696 се од машки пол, 565 се од женски, 734 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 189 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-1.744, Авганистан –909, Ирак-322, Иран-95, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 17 октомври во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 149.018 странски државјани, од кои, 95.975 се од машки пол, 20.397 се од женски, 26.736 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.910 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-103.003, потоа Авганистан-24.466, Ирак-10.779, Пакистан-3.610, Иран-1.577, Палестина-1.458, Сомалија-804, Бангладеж-804, Конго-436, Нигерија-241, Камерун-207, Еритреја-201, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …