среда , 28 јуни 2017
izlozba gordana

Изложба на скулптури од Гордана Хаџи-Николова Малешев

„Понекогаш Тие“ е насловена изложбата на скулптури на гевгелиската уметница Гордана Хаџи-Николова Малешев која ќе биде отворена вечер во 19 часот во Салон 1 во Музејот на град Скопје и ќе може да се посети до 7 јуни.

– Ќе бидат претставени 14 скулптури од дрво-ликови преку кои авторката ги материјализира своите интимни духовни содржини, кои од време на време мора да добијат форма и да го покажат своето постоење. Овој изложбен концепт уметницата веќе го прикажа во текот на 2016 година пред публиката во Штип, Струмица и Прилеп, соопшти Музеј на Град Скопје.

Гордана Хаџи Николова Малешев (1976) е виш конзерватор во НУ Музеј Гевгелија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот по вајарство во 2000 година во класата на проф. Драган Попоски Дада, под чие менторство и магистрирала три години подоцна.

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на друштвата на ликовни уметници на Гевгелија и на Битола. Учествувала на многу меѓународни симпозиуми и ликовни колонии во земјава и странство. Имала изложби во Софија, Москва, Париз, Берлин.

Слични написи

соф

Објавена програмата за „Струмица опен фест 2017“

Организаторите на манифестацијата „Струмица опен фест 2017“ ја објавија овогодинешната програма за шестото издание што …