вторник , 26 септември 2017
sveto_manev_pokana

Изложба на слики од Свето Манев

sveto_manev_pokana
На изложбата авторот ќе се престави со 15 дела работени во акрилик на платно, создадени последниве години.

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салони– Империјал 1, во вторник, 20 октомври, во 20:00 часот ќе се отвори изложба на слики од Свето Манев. Изложбата ќе биде отворена до 31 октомври 2015 година.

Свето Манев е роден 1945 година во Свети Николе. Средно училиште за применета уметност завршил во Скопје, кај професорите: Димитар Пандилов, Драгутин Аврамовски – Гуте и Љубомир Маринковиќ – Пенкин. Академијата за применета уметност, отсекот сликарство, завршил во Белград, 1970 година, кај професорите: Миодраг Вујачиќ Мирски, Александар Томашевиќ и Рајко Николиќ. Од 1963 до 1970 година работи на конзерваторско – реставраторски зафати со екипи за заштита на фреско – живопис на десетина цркви и манастири во Македонија.

Во периодот од 1970 до 1975 година е ангажиран на конзервација и документација на античките мозаици на локалитетот Хераклеа кај Битола. Од 2002 година е професор на ФЛУ во Скопје по предметот акт. Член е на ликовната група „77“. Студиски престој имал во: Англија, Холандија, Грција, Полска и други земји.

Има реализирано над 15 самостојни изложби во земјава и странство.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …