вторник , 26 септември 2017
gumeni

Израдувајте ги најмладите, направете домашни гумени бомбони

gumeni
Ви паднало ли некогаш на ум дека можете сами да си направите гумени бонбони? Да, тоа е возможно со овој рецепт!

Овие гумени бонбони веднаш ќе ве вратат во детството. Многу се лесни за приготвување, а во нив можете да уживате уште попладнево.

Потребни состојки:

  • 1 шолја 100% сок од овошје (по желба, може и мешано)
  • 2 лажици обичен желатин
  • 3 лажици мед

Постапка:

Во мало тенџерче ставете го сокот од овошје и додадете го желатинот и оставете тој да се апсорбира во течноста. На почетокот површината ќе изгледа малку згужвана.

Заревајте ја полека течноста, на средно силен оган. Варете се додека течноста престане да биде зрнеста и стане хомогена.

Потоа тргнете го лонецот од изворот на топлина и во течноста додадете го медот. Зависно во тоа колку е благ сокот за кој сте се одлучиле, па количината на медот можете да ја намалувате или зголемувате.

Купете колку што е возможно помали калапи во разни облици и внимателно истурете ја течноста во нив. Овде може да ви користи и сад за мраз, како и шприц, со кој најлесно ќе ги исполните калапите.

Потоа ставете ги калапите во фрижидер за замрзнување да останат еден час, а потоа ќе можете да уживате во вкусните домашни гумени бонбони.

Слични написи

race

Рацете говорат дали сте личност со топло срце или студена внатрешност! Проверете!

Психолозите спровеле истражување над 60 волонтери и за тоа време им давале лосиони кои ги …