вторник , 26 септември 2017
izraelPalestinaZnaminjass-540x320

Израел воведува нови агресивни мерки против насилство

izraelPalestinaZnaminjass-540x320Израелските безбедносни сили имаат овластување да затвораат палестински делови од источен Ерусалим и да распоредат повеќе чувари во јавниот транспорт во рамки на агресивните безбедносни мерки, најавени по ескалацијата на насилството низ Израел и палестинските територии.

По низа контроверзни мерки одобрени на состанокот на кабинетот за безбедност синоќа, израелската армија денеска соопшти дека разместува војници низ градовите со цел да помогна на полицијата за заштита на Израелците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека издал наредба на полицијата да воведе блокада или опколи места на тензии и немири во Ерусалим во согласност со безбедносните проценки.

Нетанјаху, исто така, најави дека домовите на напаѓачите ќе се уриваат и нема да може да бидат обновени, како и дека правата на постојан престој на терористите ќе бидат укинати и нивниот имот конфискуван.

Полициските сили на Израел ќе добијат засилување од 300 лица, кои ќе бидат на располагање во јавниот транспорт, откако неколку напади беа извшрени во автобуси и автобуски станици.

Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ ХРВ ги осуди новите мерки на Израел.

– Затворањето на квартови од источен Ерусалим ќе го органичи слободното движење на сите палестински жители, наместо да даде одговор на специфична грижа, изјави Сари Баши од ХРВ, додавајќи дека неодамнешната серија напади врз израелски цивили претставува предизвик за сите полициски сили, но дека заострената казнена политика не е решение.

Насилствата ескалираа во септември за време на одбележувањето на еврејската Нова година.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …