недела , 22 октомври 2017
miletik-kumanovo-1

Јакимовски останува сам, членови на ГРОМ масовно преминуваат во партијата на Милетиќ

Синоќа во Куманово, претседателот на Српската напредна странка во Македонија, Драгиша Милетиќ изјави дека е позитивно изненаден од тоа што голем број на членови од ГРОМ, доаѓаат во СНСМ со цел да се зачленат и да помогнат кон рушењето на овој режим.

Прво сакам да и посакам среќа на оваа наша коалиција и се надевам дека на изборите ќе имаме двојно повеќе мандати. Сега има луѓе кои што делуваат самостојно и луѓе кои делуваат преку партии сега важно е што сите сме на едно место и се надевам дека ќе има доволно гласови за да се формира влада. Јас на луѓето морам да им објаснам дека се вратив назад поради тоа што мојот поранешен побратим Јакимовски се одлучи да биде прва перјаница на ВМРО ДПМНЕ, а јас како србин тоа неможам да си го дозволам, рече Драгиша Милетиќ синоќа за време на отворањето на изборниот штаб на СНСМ во Куманово.

Носителот на втората изборна единица, генералниот секретар на СДСМ и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред присутните изјави:

“Искрено се заблагодарувам на поддршката и сигурен сум дека ќе успееме на изборите. Најмногу од се што ме радува е тоа што направивме коалиција и листи кои што ги очекуваа граѓаните на Македонија. Нашата листа е огледало на тоа што го говоревме и во минатото, една Македонија, едно општество. Нашата листа покажува колку оваа опција е отворена, има место и за македонци и за срби и за албанци и за сите останати. Погледнете како функционираат ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, кај нив до сега кавга не видов во изминативе години, кога треба да се делат тендери се им оди како што треба, а кога ќе има некој проблем Груевски не брани нас од албанците, а Ахмети ги брани албанците од македонците. Реизборот на судии кои што служеле на режиот во измнативе години е неизбежен, оние кои што работеле чесно и по закон никој нема да ги чепне. Ќе направиме судство каде што никој нема да смее да помисли да интервенира, ни Заев, ни Спасовски ни па било кој друг.”

Доскорешниот член на општинскиот одбор на ГРОМ, Драган Станковиќ изјави дека преминува во Српската напредна странка на Македонија.

“Во борбата против окупаторот Груевски, јас лично како член на општинскиот одбор на ГРОМ, излегувам од партијата и се приклучувам во Српска напредна странка во Македонија. Да не гледате тука можеби ќе помислите дека сме малку луѓе, сепак јас знам дека ние кои ќе ја водиме оваа партија имаме многу работа и знам дека мојот пример ќе го следат многу мои поранешни сопартијци од ГРОМ и мои лични пријатели.”

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …