сабота , 23 септември 2017
mile-janakieski-650x396

Јанакиески: Целта на СЈО е во соработка со СДСМ да влијае на изборите

„Прес-конференцијата на СЈО беше без никакви аргументи. Без никакви, ама баш никакви основи, ниту презентирани документи“, изјави денеска поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

– Целта на СЈО е во соработка со СДСМ да влијае на изборите, но граѓаните на Република Македонија тоа ќе го препознаат и ќе дадат силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваме СДСМ и СЈО и во иднина да продолжат со оваа хајка против членовите на ВМРО-ДПМНЕ – рече Јанакиески.

Тој додаде дека договорот за Сончев град не бил раскинат поради грешки на комисијата на Министерството за транспорт и врски, туку поради тоа што имало грешка во постапката од страна на Општината Сопиште.

– Комисијата што се формира во Министерството за транспорт и врски за спроведување постапка за отуѓување градежно земјиште го има истото направено во согласност со законот. Договорот воопшто го нема раскинато Министерството за транспорт и врски поради грешките на комисијата, туку тоа се има случено врз база на одлука на Уставен суд, а тој утврдил дека има грешка во постапка од страна на Општината Сопиште. Министерството воопшто нема склучено спогодба како тоа што беше презентирано од СЈО. Имено, склучена е судска спогодба од страна на државното правобранителство, која содржи решение дека средствата треба да се исплатат – додаде Јанакиески.

Јанакиески е обвинет во случајот на СЈО за насилствата пред Општина Центар за време на протестите во јуни 2013 година. Тој, исто така, е осомничен во истрагата на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …