среда , 20 септември 2017
јане ченто внатре

Јане, каде е браникот ?

Еден од гласноговорниците против формирањето на Влада предводена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше и самонаречениот “Војвода од Прилеп”, Јане Ченто кој се почесто во јавноста можеше да се забележи со своите настапи како претседател на МПЗ “Пере Тошев” од Прилеп и овластено лице на Здружението “Национален фронт”.

Јане Ченто изјава пред собрание
 Јане Ченто изјава пред собрание

Ченто во своите настапи на протестите и во изјави за медиумите го повикуваше македонскиот народ да се придружи на протестите, народот на застане на браникот со цел да се зачува унитарноста на Македонија, единствен службен јазик да остане македонскиот, едноставно да остане Македонија онаква каква што ја познаваме.

Кариерата на Јане започна првично во Влада како советник со мерката за ВРАБОТУВАЊЕ на млади луѓе , на тогашиот премиер Груевски а потоа својата кариера ја продолжи во Управата за јавни приходи каде што работи и денес.

Иако понекогаш Јане знаеше да ги критикува и “своите” сепак на 27 април е забележан во Собранието за време на насилниот упад и тепањето на пратеници и новинари во Парламентот.

Од тој ден Јане Ченто, инаку правнук на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ како да пропадна во земја, му се губи трага со јавни настапи, говори, а се чини и дека го деактивирал својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Јане, да не се скрши браникот ?

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …