вторник , 26 септември 2017
katica janeva 2

Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

katica janeva 2
Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално јавува „Мета“.

Утрово, пак, во 10 часот, почна состанокот на Советот на јавни обвинители на кој, како што вчера најави претседателот, Петар Аневски, ќе се расправа по други точки, но остави простор да се одлучува и за изборот на помошниците-обвинители.

Од службите во Советот соопштија дека седницата е од затворен тип и не им дозволија на новинарските екипи да присуствуваат на неа. Тие најавија изјава на претседателот на Советот за подоцна./ МЕТА

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …