вторник , 26 септември 2017
katica-beko

Јанева : Приведениот истражител го носиме во СЈО и се враќаме во УБК

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева даде изјава пред полициската станица Беко за приведувањето на истражител од нејзиниот тим.

 

„Истражителот си заминува со нас за 15 минути. Не сме известени зошто е приведен, кога ќе дојде командираот ќе го прашате колку и зошто е задржан, нас ништо не ни е доставено на писмено. По наша наредба истражителот требаше да лоцира еден човек каде живее и за тоа не треба наредба тој одговара пред мене, изјави Јанева.

Обвинителката посочи дека УБК го избркала вториот истражител кој имал добиено насоки за дејствување.

„Сега одиме право во УБК, таму друг истражител е распореден на дежурство. Станува збор за два различни истражители за два различни случаи“, прецизираше Катица Јанева.

Таа посочи дека наредбата од судот треба да се спроведе докрај и затоа ќе се вратат во УБК каде истражителот е избркан и се уште е во дворот на МВР.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …