понеделник , 21 август 2017
jankulovska_01012013_g11-640x320

Јанкулоска: Провокацијата на СДС и на албанските партии предизвика револт и гнев кај граѓаните

За жал, провокацијата од СДС и на партиите на Албанците од Македонија со нелегитимниот избор на таканаречениот претседател на Собранието, предизвика огромен револт и ескалација на гнев кај граѓаните, вели поранешната министерка за внатрешни работи и член на извршниот и на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, на својот фејсбук-профил.

– Таквата атмосфера неколкумина насилници ја искористија да направат хаос и да нападнат и да повредат пратеници во македонското собрание. Најжестоко го осудувам нивното насилство, исто како што го осудувам и политичкото насилство на СДС и на партите на Албанците од Македонија, кои тврдат дека избрале претседател на македонското собрание на неделовнички и противуставен начин. Најискрено сочувствувам со повредените, им посакувам брзо закрепнување и повикувам на разум кај сите за да излезе Македонија од оваа длабока криза – вели Јанкулоска.

Поранешната министерка за внатрешни вели дека не знае кои се насилниците кои повредија луѓе во Собранието и дека секој е одговорен за своите постапки, а институциите мора да реагираат без разлика за кого станува збор.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …