понеделник , 25 септември 2017
kacinski

ЈАРОСЛАВ КАЧИНСКИ Е НА КРСТОПАТ ПО НЕУСПЕХОТ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА НА АБОРТУСИТЕ

Одлуката на претседателот на партијата Право и правдина (ПиС), Јарослав Качински, да го фрли во кош општественот проект за забрана на абортусите, кој беше потпишан од 800,000 луѓе, може во перспективата на времето да се покаже како најважен во неговиот живот.

Тоа беше поедизвикано од страв од „црните протести“ на Пољакињите. Веројатно виновни ќе се покажат неговите планови дека на тој начин лесно да се врати на статус кво анте, тоест кон строгиот ограничувачки закон кој дозволува при определни услови изведување на абортус. Одлуката на Качински – која беше примена позитивно од недоамнешните демонстрантки, но и недоволна за нив – отвара пред ПиС нови фронтови. Покрај тоа, тоа е лушпа од банана на која Качински веќе се подлизна. За Полска на отец Ридзик (радикален католички свештеник, основач на радио Марија) и за тврдокорните католици, таа одлука е предавство. Затоа.што тоа докажува дека претседателот Качински ја изневерил идејата за која тој дел од општетсвото одамна се удира во градите. Денес стотици илјади луѓе, кои очекуваа апсолутна забрана на абортусите, ќе ја загуби довербата кон своето досегашно божество.

Одамна е познато дека Качински се плашеше како ѓавол од темјан од евентуалниот подем на конкурент на ПиС од десницата. Според него, тамо можеше да се најде само ѕид. Ете зошто тој со години е љубезен со националистите, со фашизоидните групи, воајерите и со сите крајнодесничарски групи, вклучувајќи ги и сираците по Гертих (поранешен пратеник и лидер на Лигата на полските семејства). Затоа неговото обвинителство, кое сега станува се повеќе партиско отколку државно, не мрда ниту со прстот во врска со екцесите на оние кои не се согласуваат од Националрадикалниот камп, кои неоадман направија митинг во Бјалисток и гласно под знамињата се опијануваа од снадирањето „на дрва наместо на листи ќе висат ционисти“.

Сета таа радикална компанија, која со право буди одвратност кај интелигентните луѓе, Качински се трудеше да ја искористи во полза на својата партија. Благодарените на тоа, тој можеше во разговорите со Орбан смело да парадира дека благодарение и по неговата заслуга во Полска нема еквивалент на унгарски Јобик.

Денес сето тоа ќе се смени. Треба да се очекува дека ќе има динамична промена на ситуацијата во која ПиС доминира на десно, крајнодесните католици и одсега нему верните политичари и новинари ќе реагираат на таквата ситуација. Затоа што со одлуката на претседателот, сите тие беа ставени на исто скалило со „црните“ демонстрантки, кон кои во најдобар случај адресираа зборови на вулгарност или спротивставување.

Се прашувам каква ли „непријатност“ ќе почувствува уредникот Терликовски на телевзијата Република, која неодамна гласно позрдави едно 13-годишно девојче кое родило дете откако била силувана? Како ли ќе реагираат на одлуката на Качински отец Ридзик и неколку десетици епископи, и скоро двеста пратеници на ПиС? Затша што одлуката за исфрлање на граѓанскиот проект, кој повикуваше на стопроцентна забрана, вољно-невољно беше изедначен со проектот за враќање на пракстиката од ПНР да има абортус според желба во првите 13 седмици од бременоста.

И нештата не застануваат само на полемики или говори. Треба да се земат во предвид и масовните демонстрации на апсолутните противници на абртусите. Радио Марија веќе претходно покажа дека е во состојба да ги однесе своите приврзеници до престолнината и да организира митинзи. Овој пат нивната боја ќе биде белата, а непријателот ќе биде не само партијата Граѓанска платформа и сите слични либерали, туку и самиот претседател Качински, кој ги предал. На местото на неговото обожавање ќе дојдат збпрпви на закани. А за Качински тоа ќе значи: Еден пат стомна за вода, втор пат стомна за вода.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …