четврток , 29 јуни 2017
smilkovsko ezero

Јавна седница на Врховниот суд за убиствата кај Смилковско Езеро

Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи јавна седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје, во врска со убиството кај Смилковско Езеро.

На 12 април 2012 година, на Велики четврток, кај Смилковското Езеро, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

За петкратното убиство во случајот „Мострум“ доживотна казна затвор им е изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот, Сејди Рами, доби ослободителна пресуда, поради „немање цврсти докази за утврдување вина“.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …