петок , 22 септември 2017
jilderim

Јилдирим: АКП ќе го предложи Ердоган за претседател на партијата

Турскиот премиер и претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП), Бинали Јилдирим денеска изјави дека на вонредниот конгрес на 21 мај АКП за свој лидер ќе го предложи претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Претходно, Ердоган потпиша барање за членство во АКП и беше примен откако 33 месеци имаше натпартиски статус. Тој е основач на АКП, но по изборот на претседател на Турција беше принуден да ја напушти лидерската функција во партијата.

Враќањето на Ердоган во АКП стана можно по референдумот за уставни измени спроведен на 16 април.

– Тоа е историски момент за Турција и нејзината демократија, со кој завршува периодот на поделба на власта, кога земјата беше раководена од претседател и премиер, посочи Јилдирим.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …