понеделник , 23 октомври 2017
joleski

Јолевски се сретна си заменик генералниот секретар на НАТО Готемолер

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, вчера, во тек на учеството на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада, оствари средбата со заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер, со кого разговарале за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, мигрантската криза и претстојните избори во државава.

Според соопштението од Министерството за одбрана, Јолевски информирал за реформите во одбранбениот сектор и за процесот на модернизацијата на АРМ. Говорејќи за модернизацијата навел дека во следната година ќе се зголеми буџетот за одбрана, при што ќе биде исполнет еден од двата критеруми од Кардив, 20 проценти од буџетот за одбрана да се користи за модернизиција. Истакнал дека модернизацијата се врши во согласност со стандардите на НАТО и партнериските цели кои Македонија ги има договорено со НАТО.

– Министерот Јолевски истакна дека Македонија ги исполнила сите критериуми за членство во НАТО уште во 2008 година. Истанувајќи дека е променетото геополитичко опружување во Европа и светот, заради што се укажува на потребата што поскоро интегрирање на Македонија во НАТО. Ова ќе придонесе за зајакнување на стабилноста не само на Македонија туку и на регионот и Европа во целина, се вели во соопштението.

Заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер ги поздравил реформите и зголемениот буџет за одбрана, посебно за расположивите средства за модернизација. Исто така, стои во соопштението, истакнал дека следната година НАТО ќе има поголем фокус на југоисточна Европа, односно Западен Балкан.

На панелот на Безбедносниот форум Халифакс, посветен на иднината на НАТО, покрај заменик генералниот секретар на НАТО, говореа и претседателката на Хрватска,  Колинда Грабар Китаровиќ и сенаторката Џин Шахин. – За одбележување е што присутните беа информирани дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг и новоизбраниот претседател на САД, Трамп, во петокот имале телефонски разговор, кој бил мошне конструктивен и оти „двајцата се согласиле за важноста на НАТО алијансата и важноста за зголемување на буџетите за одбрана“, се вели во соопштението.

Се додава дека хрватската претседателка Китаровиќ истакнала дека Република Македонија треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО, а Босна и Херцеговина да започне со МАП процесот. По завршувањето на панелот министерот Јолевски се заблагодарил за континуираната и безрезервна поддршка од Хрватска за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …