среда , 28 јуни 2017
Aco_Jonovski

Јоноски и Митревски се враќаат во репрезентацијата за средбата со Чешка

Во составот на македонската ракометна репрезентација за вечерашниот дуел со Чешка ќе биде и Ацо Јоноски, кој доби повик од селекторот Раул Гонзалез.

Јоноски се враќа во таборот на „црвено-жолтите“ на местото на Мартин Велковски кој беше меѓу избраниците на селекторот Раул Гонзаес на гостувањето во Украина.

Промена има и на голманската позиција па место Златко Даскаловски, пријавен за денешниот дуел е Никола Митревски.

Составот на Македонија за средбата со Чешка која е пресудна за пласман на ЕП 2018 во Хрватска: Борко Ристовски, Никола Митревски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Мартин Поповски, Ацо Јоноски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Влатко Митков, Гоце Ојлески, Жарко Пешевски, Стојанче Стоилов и Филип Талески.

Почетокот на натпреварот е во 20:45 часот, а ќе се игра во СЦ „Борси Трајковски“ во Скопје.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …