петок , 18 август 2017
obedineti za ffm

Јонуз: Нема што да рушиме, се е срушено во мак-фудбалот

Во македонскиот фудбал нема што да се руши, бидејќи се е срушено, порачаа од „Обединети за фудбалот“, на денешната прес конференција. Иницијаторите за смена во раководството во ФФМ потенцираат дека мора да има промени, за да дојдат подобри денови во фудбалот кај нас. Еден од главните иницијатори е некогашниот селектор Мирсад Јонуз.

„Ние денеска сме овде за да го објасниме хаосот што се случува во нашиот фудбал. За Гинисова книга на рекорди е како ФФМ набрзина за десетина дена направи избори во 26 општински сојузи. Не сме тука да рушиме, бидејќи се е веќе срушено во мак-фудбалот. Имам идеја познати и признати фудбалски имиња да го водат фудбалот“, вели Јонуз.

Пред неполн месец, општинскиот сојуз на Тетово го предложи Јонуз како кандидат за нов претседател на ФФМ, но челниците во Федерацијата ја поништија кандидатурата како невалидна.

„Штета е што значаен фудбалски центар како што е Тетово е осакатен со поништување на мојата кандидатура. Ќе беше подобро да има барем двајца кандидати во демолратска трка за претседател на ФФМ“, додаде Јонуз.

„Обединети за фудбалот“ бараат да се одложи собранието на ФФМ, кое е закажано за в сабота. Тие имаат поведено постапка пред Уставен суд, велејќи дека бараат чист и фер натпревар за претседател на ФФМ.

Слични написи

gokovichmadridopen-685x320

Ѓоковиќ: Бог ми порача, сега е навистина доста!

Со години доминираше во светскиот тенис, но Новак Ѓоковиќ е во сериозна играчка криза, проследена …