вторник , 26 септември 2017
poc

ЈП „Паркинзи“ Центар: Доколку Јакимовски јавно не се извини за клеветите, ќе покренеме тужба

poc
ЈП „Паркинзи“ на општина Центар реагира на интервјуто со Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, објавено во весникот „Дневник“.

На прашањето зошто постои кампања за заштита на зеленилото во општината, кога според актуелниот градоначалник, цит: „Новиот ДУП нема да смени ништо, нема да се пипне ниту една тревка, ниту едно дрво…“, тој тврди дека „Станува збор за ефтин обид на СДСМ за уривање на угледот на локалната самоуправа, дури до тој степен забегуваат, што поканите за собири зад наводната граѓански иницијатива ја ставаат на партиски меморандуми. Ги принудуваат своите членови и симпатизери да се потпишуваат при што ги развезуваат со возила од ЈП „Паркинзи центар“. Наместо да предлагаат решенија за проблемите на граѓаните тие внесуваат конфузија и немири со што само ги избезумуваат граѓаните, преку секојдневни собири и ги присилуваат да се потпишуваат за реално непостоечки проблем“.

ЈП „Паркинзи“ на општина Центар најостро ја демантира оваа изјава и бара јавно извинување од градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. Претпријатието поседува само едно возило кое се користи исклучиво за потребите на ЈП ПОЦ. Очигледна е тенденциозноста во изјавата на Стевче Јакимовски. Неговата цел е, преку клеветење на претпријатието, да собере политички поени кај граѓаните.

Доколку градоначалникот не се извини јавно, ЈП „Паркинзи“ на општина Центар ќе покрене тужба.

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …