сабота , 23 септември 2017
junkerNova-685x320

Јункер: Нема напредок во разговорите со Велика Британија

junkerNova-685x320Нема позначителен напредок во преговорите на ЕУ со Велика Британија, што се водат пред британскиот референдум за останување, или за напуштање на Унијат, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Тој вели дека Брисел сака „фер договор“ со Лондон, но дека засега преговарачките страни немаат ништо постигнато.

Велика Британија и премиерот Дејвид Камерон инсистираат на „реформирање„ на ЕУ и на односите меѓу Лондон и Брисел, но Јункер порачува дека за „танго се потребни двајца„ префрлајќи ја одговорноста за застојот кај британската страна.

Премиерот Камерон настојува да обезбеди посебни односи на ЕУ со Британија, пред да се организира референдумот за Унијата, што се предвидува да се одржи д крајот на 2017 година.

Британската политичка јавност се уште не знае што точно Лондон бара од ЕУ, но се претпоставува дека станува збир за исклучувањето на Британија од било какво натамошно интегрирање во Унијата, како и за ограничувањето на приливот на имигранти од земјите на ЕУ, за заштита на социјалните фондови.

Жан Клод Јункер инсистира дека сака Велика Британија да остане конструктивен член на Унијата.

Камерон се наоѓа под силен притисок од евроскептиците во негвата Конзервативна партија, како и од антиевропската партија за независност на Обединетото кралство (УКИП) за остар курс кон Брисел и за „враќање на британската независност„ во однос на ЕУ, како за напуштање на Унијата

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …