вторник , 26 септември 2017
junkerNova-685x320

Јункер: Продолжува бегалскиот бран, решение на 25 октомври

junkerNova-685x320Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер смета дека бегалскиот бран преку балканските држави кон Германија ќе продолжи, а в недела на 25 октомври, на кризниот состанок посветен на бегалската криза, ќе бидат најдени практични решенија.

Јункер синоќа во Мадрид на маргините на состанокот на лидерите на партиите, кои дејствуваат во рамки на Европската народна партија истакна дека „му доаѓа да заплаче“ кога ги гледа долгите колони на бегалци и оти кризниот состанок е европско-германска-словенечка иницијатива.

На кризниот самит лидерите на балканските и медитеранските држави би требало да дискутираат за практични прашања, како оние за помош на Словенија со шатори, постели, како и евентуално испраќање полициски единици.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …