вторник , 27 јуни 2017
juventus

Јувентус ја прославува новата шампионска титула

Екипата на Јувентус ја прославува новата шампионска титула во фудбалското првенство на Италија.

Јувентус забележа убедлива победа со 3-0 во дуелот против Кратоне, со што „старата дама“ на коло до крајот на сезоната во Серија А има недостижни четири бодови повеќе од второпласираната Рома.

За Јувентус ова е 34-та титула првак на Италија, а петта во низа.

На останатите натпревари, кои се одиграа попладнево во Серија А, постигнати се овие резултати: Милан – Болоња 3-0, Удинезе – Сампдорија 1-1, Сасуоло – Каљари 6-2, Џенова – Торино 2-1 и Емполи – Аталанта 0-1.

Утревечер ќе се одигра мечот Пескара – Палермо со кој ќе биде комплетирано ова коло.

Табела: Јувентус 88 бода, Рома 84, Наполи 83, Лацио 70, Аталанта 69, Милан 63,… Емполи 32, Кротоне 31, Палермо 23 и Пескара 14.

Слични написи

davitkov

Давитков: Да го вратиме националниот тим таму каде што припаѓа

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков на денешната прес-конференција во спортскиот центар „Борис Трајковски“ …