понеделник , 23 октомври 2017
severna-juzna-koreja-30m-330x185

Јужна Кореја ќе испрати хуманитарна помош за Северна Кореја

Јужна Кореја ја разгледува можноста за испраќање хуманитарна помош на Северна Кореја во вредност од осум милиони долари преку меѓународна организација.

– Владата во Сеул планира да одржи состанок за меѓукорејската соработка на кој би одлучила дали да понуди хуманитарна помош на оние кои се загрозени во Северна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за обединување, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Во 2016 година Сеул ја суспендираше помошта на Пјонгјанг преку ОН по нуклеарните и ракетните тестови на Северна Кореја.

Министерството во Сеул сега предлага 4,5 милиони долари да се издвојат за децата и трудниците во Северна Кореја преку Светската програма на ОН за храна, а преостанатите 3,5 милиони долари да се донираат преку УНИЦЕФ.

– Основниот став на Владата е дека треба да продолжи хуманитарната помош за загрозените групи во Северна Кореја, без оглед на политичката ситуација, изјави неименувам јужнокорејски претставник.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …